Еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата, Италијанецот Марио Балотели повторно е во центарот на вниманието. Неговиот нов клуб Монца неодамна гостуваше во Бреша, на стадионот „Марио Ригамонти“ во меч од Серија Б.
„Кориере дела Сера“ пишува дека Балотели не можел да се паркира во внатрешниот дел од стадионот, па морал да бара паркинг надвор од стадионот.
Пред стадионот бил дочекан со транспарент со кој навивачите на Бреша му порачале дека тој нема достоинство.
„Постојат играчи кои го сакаат овој град, а ти за нас ништо не вредиш. Ти си човек без достоинство“ гласела пораката.
Поранешниот репрезентативец на Италија е роден во 1990 година во Палермо, но израснал во Бреша каде настапуваше до неодамна. Сепак, кога тимот почна да бележи лоши резултати, Марио на полусезона го напушти клубот и ги остави „на цедило“, што навивачите не му го заборавиле, а очигледно не му го ни простиле.