Пливачкиот клуб „Бета“ изминатиот викенд успешно го организира петтиот меѓународен пливачки натпревар „13 Ноември“. На пливачкиот митинг настапија 300 пливачи од 12 земји: Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Ирска, Чешка, Словенија, Италија, Босна и Херцеговина, Велика Британија и Грција.
За најуспешен клуб на овој натпревар беше прогласен домаќинот ПК „Бета“, а индивидуално најдобри беа Србинот Иван Ленџер и Словенката Тјаша Возел.
Пливачите на „Бета“ собраа 85 медали, од кои 37 златни, 25 сребрени и 23 бронзени медали.
Воедно, поставија и нови шест македонски рекорди, и тоа:
Ана Јаневска постави нов младински и апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри делфин со време 28:61 секунди,
Миа Блажевска-Еминова постави нови рекорди за постари пионери во дисциплините:
100 метри слободно со време 01:01.34, каде што го подобри 20 години стариот рекорд на Весна Стојановска со време 01:01.50. На 50 метри делфин новиот рекорд изнесува 31:36 секунди, во дисциплината 100 метри мешано со време 1:11.72 минути, во дисциплината 50 метри грбно победи со резултат 33:09 и во дисциплината 50 метри слободно триумфира со резултат 28:36 секунди.