Top Sport

Формула 1 се откажува од петочните тренинзи?

Техничкиот шеф на Формула 1, Рос Браун, открива дека размислува за исфрлање на петочните тренинг сесии во текот на тркачките викенди за да се намалат трошоците и да се овозможи тимовите да се тркаат на повеќе трки.

За многу Ф1 фанови, петочниот тренинг е „премија“ бидејќи тогаш билетите се најевтини. На пример, за Британското ГП во Силверстоун во 2018, билет во петокот би ве чинел 75 фунти, во споредба со 155 фунти за неделната трка.

Главната причина е што новите американски сопственици на Ф1, „Либерти медија“ сакаат да го зголемат бројот на трките во спортот (од сегашните 20), но тоа не им се допаѓа на тимовите, кои сметаат дека и сега финансискиот товар и проблемите на вработените се преголеми.

„Знаеме дека тимовите имаат логистички проблеми кога додаваме нови трки. Една од работите кои се на маса е форматот на тркачкиот викенд и дали тој може да се менува.  И без петокот, основата на тркачкиот викенд е иста – тука се квалификациите, тука е трката. Треба да се најде решение“, изјави Браун, поранешниот шеф на Ферари, Браун ГП и Мерцедес.

Scroll to Top