Top Sport

Престижниот трофеј „Бандини“ за Валтери Ботас

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас  е јубилејниот 25. Добитник на престижната награда „Трофеј Бандини“.

Наградата го носи името на поранешниот победник во Ф1 и на 24 часа Ле Ман, Лоренцо Бандини, кој несреќно го загуби животот на Монако ГП трката во 1967 година. Уникатната и спектакуларната церемонија, која вклучува 12-километарско возење од Фаенца до Бризигела за да се собере наградата ќе се одржи на 5 мај. Ботас ќе вози до Бризигела во стил, зад воланот на шампионскиот В07 од 2016 година.

Поранешни победници на „Трофејот Бандини“ се Михаел Шумахер, Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел, Даниел Рикјардо, Макс Ферстапен, како и колегата на Ботас, Луис Хамилтон, кој ја освои титулата во 2010 година.

Мерцедес беше првиот конструктор кој ја доби наградата во 2015 година.

Фото: ЕПА

Scroll to Top