Аталанта го исфрли Лацио во четврт-финалето на Копа Италија по триле 3:2 победа и покрај тоа што повеќе од половина час играа со играч помалку, а пеналот на Дуван Запата беше одбранет! Клубот од Бергамо, кој пред некој ден го издоминира Милан на „Сан Сиро“ со 0:3 победа, сега во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот Наполи-Специја.
Берат Џимсити ги донесе Лацио во водство уште по седум минути откако Пепе Реина не можеше да го сопре неговиот удар. Лацио вратија бргу во 17. минута со првиот гол на Ведат Муриќи за клубот, пред капитенот Ачерби да направи пресврт со фантастичен гол по слалом во 34. минута. На полувреме се отиде со 2:2, откако само 120 секунди подоцна, Луис Муриел го најде Руслан Малиновскиј.
Хозе Луис Паломино го смени натпреварот со директниот црвен картон за туркањето на Мануел Лазари. Само две минути подоцна Алексеј Миранчук го донесе водството за Аталанта, по што имаа и шанса да поведат со 4.2 кога Запата доби пенал, но Реина го сопре неговиот удар.