Капитенот на репрезентацијата на Црна Гора, и ракометар на француски Истр, Васко Шеваљевиќ (32) во следните 18 месеци ќе биде член на тимот на Вардар 1961. Шеваљевиќ веќе утре ќе пристигне во Скопје и ќе се приклучи на тренинзите на тимот.
Шеваљевиќ игра на левата бековска позиција и ќе биде засилување за „црвено-црните” во пролетниот дел на сезоната во која вардарци имаат многу згуснат календар.
Потекнува од Ловќен, Црна Гора а во кариерата има играно и за екипите на Сан Антонио (Шпанија), Динамо Минск (Белорусија), Хановер (Германија), Тулуз (Франција), Трембле (Франција) и во последните две години во Истр (Франција).
„Со доведувањето на Шеваљевиќ ја засилуваме бековската линија за која увидовме дека и треба дополнителен играч. Со неговото ангажирање сметаме дека ќе бидеме уште поконкурентни во продолженито на сезоната и ќе ги оствариме нашите цели а тоа е четврт-финале на ЕХФ лигата на шампионите, Ф4 во СЕХА лигата и титулата во домашното првенство, изјави Михајло Михајловски, претседателот на Вардар 1961.