Top Sport

Шампионите паднаа во Филаделфија

Филаделфија ги победи ЛА Лејекрс во дербито на вечерта во НБА лигата. Изминатата ноќ, во НБА, се одиграа 12 натпревари, кои ибндивидуално ги обележеаа Руди Гобер, Бредли Бил, Домантас Сабонис и големата тројка на Бруклин Нетс.

Актуелните шампиони, ЛА Лејекрс, во Филадлефија, го забележаа првиот гостински пораз оваа сезона. Севентисиксерс, во последните четири минути испуштија предност од 14 поени, за на крајот да победат со 107:106, со поените на Тобајас Херис постигнати на две секунди до крајот.

Меч-винерот Херис натпреварот го заврши со 24 поени и седум скока, Џоел Имбид постигна 28 поени, а Бен Симонс запиша трипл-дабл (17 поени, 11 скокови, 10 асистенции).

На спротивната страна се истакнаа Леброн Џејмс со 34 поени и по шест скока и асистенции, односно Ентони Дејвис со 23 поени и осум скока.

Лејкерси имаа скор 14 победи и четири порази и заедно со Јута Џез ја предводат Западната конференција. Јута го победи Далас со 116:104, благодарение на Руди Гобер, кој доминираше со 29 поени и 20 скокови. Далас го предводеше Лука Дончиќ со 30 поени.

Првиот стрелец во лигата, Бредли Бил, постигна 47 поени, но неговиот тим повторно не успеа да победи. Вашингтон го загубија мечот од Њу Орлеанс 106:124.

Домантас Сабонис ја предводеше Индијана до победата во Шарлот 116:106. Синот на славниот Арвидас, забележа трипл-дабл (22 поени, 11 скокови, 10 асистенции).

Бруклин Нетс играа продолжение во Атланта, забележаа победа 132:128. Големата тројка на Нетс комбинираше 89 поени. Кевин Дурент постигна 32 поени, Џејмс Харден 31 на кои придодаде 15 асистенции и осум скока, а Кајри Ирвинг уфрли 26 поени. На спротивната страна се истакна Тре Јанг со 28 поени и 14 скока.

Резултати:

Кливленд-Детроит 122:107
Орландо-Сакраменто 107:121
Мајами-Денвер 92:109
Торонто-Милвоки 108:115
Сан Антонио-Бостон 110:106
Финикс-Оклахома 97:102
Голден стејт-Минесота 123:111

Scroll to Top