Top Sport

Рома и Интер пред размена – Един Џеко за Алексис Санчез?

Новинарот на италијански „Sky Sport“, Фабрицио Романо денеска попладне на Твитер објави дека калчолигашите Интер и Рома се договараат за размена – Един Џеко за Алексис Санчез.


Проблем може да претставуваат годишните плати на босанскиот и на чилеанскиот фудбалер. Џеко заработува по 7.5 милиони евра годишно, а Санчез двојно помалку.

Босанскиот репрезентативец е незадоволен со статусот во Рома по кавгата со тренерот на екипата, Пауло Фонсека.
Џеко со „волчицата“ е од 2016 година, дојде од Манчестер Сити, а сезонава во 20 настапи постигна 8 гола и има 2 асистенции.

Италијаските медиуми пишуваат дека Џеко ги одбил Галатасарај, Вест Хем и Саутемптон, а „La Gazzetta dello Sport“ пишува дека напаѓачот му бил понуден и на Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top