Исламска држава (ИСИС) повторно се закани со терористички напади за време на Светското првенство во Русија. ИСИС изминатите месеци испрати неколку застражувачки и брутални пораки до познати фудбалери, а во најновата порака нивна мета е Лионел Меси.
На своите интернет страници, ИСИС, објави фотогафија на која Меси е прикажан како затвореник, во портокалова униформа, додека припадник на ИСИС се подготвува да го обезглави.
Застрашувачката порака сигурно ќе ги натера руските власти дополнително да ја зголемат безбедноста во пресрет на Светското првенство.