Top Sport

Кукоч и Раѓа за Југопластика: Бевме како Битлси

Неодамна синџирот на спортски продавници БСТН, во соработка со Адидас, лансираше единствена серија на кошаркарски патики, посветена на Југопластика. Луѓето од БСТН, на оваа тема, направија и едночасовено интервју со кошаркарските легенди Дино Раѓа и Тони Кукоч.

„Најпрвин си помислив дека се работи за фото-шот. Потоа ми стана јасно дека ни е укажана голема чест. Добив милион пораки“, рекол Раѓа.

„И јас си помислив дека некој смислил добра шега, на тема на старите денови. Но кога разбрав дека тоа е вистина и дека проектот живее…Мислам дека ни е укажана голема чест, за кошарката што ја игравме во тие времиња“, дополнил Кукоч.

Југопластика беше тимот што доминираше кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век во европската кошарка. Тимот три пати стана европски првак.

„Мислам дека во тоа време не сфаќавме колку сме голем тим. Од оваа дистанца, можам да кажам дека бевме како Битсли. Каде и да игравме не пречекуваа со аплаузи, имаше и свирежи, но не толку. Луѓето не сакаа, бидејќи игравме убава, вистинска кошарка. Бевме група на талентирани и вредни играчи, луѓето тоа го забележуваа“, рекол Раѓа.

Целото интервју може да го погледнете на видеото под текстот.

Scroll to Top