Top Sport

Жељко Бабиќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер и тренерот Жељко Бабиќ потпишаа нов договор со важност до јуни 2024 година.

48-годишниот Бабиќ дојде во Битола во првите денови од 2020 година и ја водеше екипата во прекинатата сезона заради коронавирусот и во првиот дел од тековната сезона, во која битолскиот клуб одигра шест официјални натпревари.

Пред да дојде во Еурофарм Пелистер, тренерот од Сплит работеше во Метковиќ, Кршко, Сплит, Горење Велење, Мешков Брест, а беше и селектор на хрватската ракометна репрезентација. Бабиќ е трет хрватски тренер во Битола, по Костелиќ и Мунетиќ.

Scroll to Top