Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, ги критикувал соиграчите по убедливиот пораз од Јта Џез 101:120. Далас, го забележаа седмиот пораз на последните девет натпревари.
„Ужасно“, рекол Дончиќ по мечот кој го заврши со 25 поени.
„Никогаш вака не сум се чувствувал. Мораме да преземеме нешто, ова сега не изгледа добро. Мораме повеќе да се трудиме, мораме повеќе меѓу себе да разговараме, да играме подобро. Во овој момент делуваме како да ни е гајле дали ќе победиме или не. Потребно е да вложиме повеќе енергија, да се бориме за секоја топка. Многу работи треба да исправиме, сигурен сум дека ќе го направиме тоа“, рекол Дончиќ.
Словенецот на последните пет натпревари има просек од 30,4 поени, 9,6 асистенции и 7 скока. Денвер се на 13.место на Западот со скор од осум победи и 11 порази.