Британскиот носител на ИБФ и ВБА титулите во тешка категорија, Ентони Џошуа му порача на американскиот ВБЦ шампион Дионтеј Вајлдер да престане да „живее во фантазија“ и да прифати дека Џошуа привлекува далеку повеќе фанови во потенцијален меч за обединување на титулите.
Џошуа, прво на 31 март ќе боксува со Новозеланѓанецот Џозеф Паркер на „Принсипалити“ стадионот во Кардиф, а доколку ја одземе ВБО титулата од противникот, единствен меч кој би имал логика е за обединување на сите појаси во тешка категорија против Џошуа.
Преговорите меѓу претставниците на Џошуа и Вајлдер засега не донесоа резултат, а една од пречките е тоа што Вајлдер сака дуел во САД, додека Џошуа би се задоволил со голема посета на некој од англиските стадиони.
„Доколку тој беше сериозен за мечот, ќе направевме сериозни преговори. Ако не е подготвен за тоа, треба да престане да вреска бидејќи ќе го замрзнеме. Ние се наоѓаме во таа позиција и имам уште многу топ 10 предизвикувачи со кои можам да боксувам. За него големите ТВ-мрежи не се заинтересирани. Јас знам каде одам во мојата кариера, и ако тој сака да биде дел од ова, ќе дојде тука и ќе престане да живее во фантазијата. Малку нека се спушти на земја. Ќе му понудиме 10 пати повеќе пари отколку што би заработил во Америка. Нека дојде и да му ја завршам кариерата како шампион“, вели Џошуа.