Вистинско богатство кон крајот на 80-тите години од минатиот век му понудил белградски Партизан на Осиек за трансфер на Давор Шукер.
Дека во тоа време за Шукер имало заинтересирани екипи и колку биле подготвени да платат во разговор за „Јутарњи лист“ открил поранешниот претседател на Осиек, Милан Шпаниќ.
Зимата 1988 година Осиек преговарал со Хајдук Сплит, но двете страни не успеале да се договорат за обесштетувањето и трансферот пропаднал.
Како што истакнал Шпаниќ, тоа бил подарок од небото бидејќи Шукер маестрално го одиграл вториот дел од сезоната во југословенското првенство.
„Давор пролетниот дел од сезоната го одигра светски, беше најдобар стрелец во лигата, а ние можевме да избираме помеѓу понудите. Хајдук повторно се јави, но нив веднаш ги откачив“, открил Шпаниќ.
Потоа пристигнала понудата од Партизан од каде што по секоја цена го сакале Шукер во своите редови.
„Најупорен беше Партизан. Ни нудеа дигитален семафор, рефлектори и 200.000 германски марки. Меѓутоа, Давор не сакаше ни да слушне за заминување во Белград, по што логично стана дека ќе заврши во Динамо“, истакнал некогашниот претседател на Осиек.
Пред трансферот во Динамо следуваше успешниот настап на Шукер за младата репрезентација на СФРЈ, која во Чиле стана младински светски првак.
По младинскиот мундијал, Шукер за пресели во Динамо, а за понатамошниот развој на кариерата на еден од најдобрите хрватски напаѓачи во историјата знае цела Европа.