Калчолигашот Болоња е активен на последниот ден од преодниот рок во Италија.
Стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани кој моментно е на позајмица во француски Рен би можел да ја прекине соработката со клубот и да се врати во татковината, во екипата чиј тренер е Синиша Михајловиќ.
Италијанските медиуми пренесуваат дека договорот е многу близу. Новиот тренер на „Старата дама“, Андреа Пирло го отпиша Ругани. Сари минатата сезона му даваше шанса во Јуве, но овој не ја искористи да се наметне.
И во Рен Ругани нема забележителни резултати, очигледен е пад на неговата форма.
На Болоња очајно и треба освежување затоа што екипата по 20 кола има исто толку бодови и е на 15. место во Серија А. Засега избраниците на Михајловиќ се на +5 од зоната за испаѓање, но до крајот на сезоната во Италија има уште 18 кола.