Откако вчера во јавноста се појавија детали од договорот што Лео Меси го има со Барселона, се огласи кандидатот за претседател на клубот од „Ноу Камп“ – Жоан Лапорта.
Лапорта веќе беше претседател на Барселона, од 2003 до 2010 година. Токму тој го доведе на тренерската позиција Пеп Гвардиола, па Шпанецот во 2009 година освои се што можеше да се освои.
Лапорта тврди дека е заслужен за третина од приходите во клубот откако се појави информацијата дека Аргентинецот заработувал по 138 милиони евра по сезона.
Барса моментно е во големи долгови, но Лапорта тврди дека Меси не е виновен за тоа.
„Лео многу повеќе носи отколку што чини. Имавме истражување кое покажа дека тој ги носи една третина од приходите. Ниту во еден момент Меси не е виновен за оваа финансиска ситуација во клубот“ рече кандидатот за претседател на Барса.
Тој рече дека доколку го добие мандатот, ќе се вложи максимално Меси да остане во клубот
„Ќе дадам се од себе да го задржам Меси. Имам информации дека тој е задоволен во Барселона и сака да остане. Мораме да се потпреме на проектот за освојување на Лигата на шампиони. На Лео му испратив порака со поддршка и му реков да не обрнува внимание за приказните околу неговиот договор. Не ми одговори“ рече Лапорта.