Top Sport

Јан Весели е МВП за јануари во Евролигата

Крилниот кошаркар на Фенербахче, Чехот Јан Весели е прогласен за најкорисен кошаркар во Евролигата за јануари. Турскиот клуб забележа 6 победи во првиот месец од 2021 година од исто толку одиграни мечеви.

Весели имаше индекс од 23.2 поени по меч, а просекот по меч му е 16 поени, 5.5 скока, 2.8 асистенции и 1.4 украдени топки.

Чешкиот кошаркар по третпат во кариерата доаѓа до ова признание. Тој е последниот играч на Фенер кој бил МВП, и тоа во декември 2018 година.

Scroll to Top