Капитенот на Наполи, Марек Хамшик се повлече од словачката репрезентација која ќе игра на Кралскиот куп во Тајланд откако беше на операција за вадење на крајниците.
30-годишниот Хамшик требаше да биде дел од составот за дуелот со Обединетите Арапски Емирати во четврток во Бангкок, но наместо тоа остана во Италија за да се опорави. Тој пропушти неколку тренинзи во јануари поради запаление на крајниците и во средата беше решено да оди на операција.
„Марек Хамшик беше опериран утрото во клиниката ’Руеш’ од професорот Д’Анџело, по што утре се враќа дома и нема да биде дел од словачката репрезентација“, се вели во соопштението на Наполи.
На Кралскиот куп во Тајланд играат уште Габон и домашната селекција, а финалето се игра во недела. Хамшик стана идол во Наполи по пристигнувањето во 2007 година и оваа сезона го помина Диего Марадона како најдобар стрелец на клубот со својот 116. гол.
? #Hamsik, operato alle tonsille, salterà il ritiro con la nazionale slovacca ??
➡️ https://t.co/22ZhB8Jc2p
? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/mAqARuvOtJ— Official SSC Napoli (@sscnapoli) March 21, 2018
Фото: ЕПА