Top Sport

Клоп: Во нормален преоден рок сигурно немаше да купиме играч од Престон

Очајната потрага по дефанзивец Ливерпул ја заврши со носење на Бен Дејвис. Не се работи за 27-годишниот лев бек на Тотенхем и на велшката фудбалска репрезентација, туку на 25-годишниот дефанзивец кој од почетокот на кариерата е член на второлигашот Престон.

Ливерпул за Дејвис плати 2 милиони евра.

„Ова е огромна прилика. Секако, бев помалку изненаден кога првпат слушнав за интересот на Ливерпул, но сега ми е јасно дека пред мене е голема можност“ изјави Дејвис кој никогаш не бил на популарниот „Енфилд“.

И неговиот нов менаџер, Јирген Клоп признава дека во други околности не би посегнал по вакво решение.

„Мислам дека е јасно дека во нормален преоден рок не би гледале дали Престон има играч за нас. Но, откако го видовме, а нашата ситуација со повредите беше јасна, станавме прилично возбудени. Го гледаме неговиот потенцијал, има 25 години, добар е во дуелите“ рече Клоп.

Освен Дејвис, „црвените“ пред крајот на преодниот рок доведоа уште еден стопер – 20-годишниот турски интернационалец, Озан Кабак, од Шалке.

Scroll to Top