Top Sport

За Минамино нема место на „Енфилд“, отиде во Саутемптон среде ноќ

Такуми Минамино мораше својата шанса да да побара подалелу од Ливерпул иако клубот од „Енфилд“ го купи пред само една година.

Минамино во 2 часот утринава потпиша позајмица во Саутемптон до крајот на сезоната.
„Светците“ на „црвените“ за Минамино им платија пола милион фунти.

Премиерлигата дозволува реализација на трансфери и по завршувањето на преодниот рок ако клубовите пред полноќ на 2 февруари во седиштето на лигата ја предадат потребната документација. Ливерпул и Саутемптон го направија токму тоа.

Клоп минатата зима го доведе Минамино од Салцбург. Сепак конкуренцијата во нападот на шампионот во Премиерлигата е голема, а Јапонецот не може да ја пробие големата тројка Салах – Фирмињо – Мане. Тука се и Шаќири и Ориги.

Минамино и покрај скромната минутажа на 17 настапи постигна 4 гола, а имаше и 2 асистенции.

Scroll to Top