По завршувањето на ракометниот Мундијал во Египет во Хрватска актуелно е медиумското препукување на релација Лино Червар – Лука Циндриќ.
„Индекс.хр“ го прашале сега веќе екс-селекторот на „коцкастите“ како ги толкува обвинувањата од страна на Циндриќ (За `Балкан хендбол`) дека тој е еден од виновниците што хрватскиот ракометар половина година не добивал исписница од скопски Металург, не примал плата, кариерата му била доведена во прашање, а токму Червар кој до донел во Скопје, не се понудил да му помогне на никаков начин.
Во врска со изјавата на Лука Циндриќ дека речиси ќе му ја уништел кариерата, Червар дециден:
„Нема да бидам дел од тоа, тоа не е моето ниво. Се гордеам што во тишина дојдов во 1973 година и сега во тишина заминувам. Не сакам да се замерам со никого, ниту сум некому должен затоа што мене никој никогаш не ме поттурнал.
Трофејниот тренер смета дека Циндриќ лажел во неговата изјава поврзана со вината на Червар:
„Циндриќ лаже, нему наводно ќе му се упропстела кариерата. Мене Металург се уште ништо не ми вратил, должни ми се многу пари. Не знам нему дали му ги вратиле, мене не. Циндриќ ја повлече приказната, го сакам и не се каам за ништо. Некои кои дури сега дојдоа до кислород ме нарекуваат губитник, но никој не може да ги сруши резултатите. Ако на некој сум му направил нешто поради што не се чувствува добро, длабоко се извинувам“ – одговори Червар на обвинувањата на ракометарот на Барселона кој очигледно беше и во Египет дека не е во најдобри односи со селекторот.
Циндриќ: Червар не кажа дека поради него пола година одев по судови