Интересна средба се случила во Мајама. Новак Ѓоковиќ налетал на фудбалските ѕвезди од хрватската репрезентација: Лука Модриќ, Иван Ракитиќ, Иван Перишиќ и Матео Ковачиќ.
Ѓоковиќ на Инстграм ја споделил фотографијата.
„Среќен сум што се сретнав со одличните фудбалери од репрезентацијата на Хрватска. Среќно момци“, напишал српскиот тенисер.
„Маестро“, кратко го опишал Ракитиќ поранешниот број 1 во светскиот тенис.
Ѓоковиќ е во Мајами и се подготвува за настап на вториот мастерс во сезоната, противник во второто коло ќе му биде Беноа Пер, додека хрватските ререзентативци во САД ќе одиграат прјателски натпревари против Перу и Мексико.
Четворицата хрватски репрезентативци слободното време го искористиле да го погледнат натпреварот помеѓу Мајами Хит и Њујорк Никс.
Домашниот тим ги изненади подарувајќи им дресови со нивните имиња.