Најскапиот фудбалер во историјата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс е позитивен на коронавирусот.
„Нашиот фудбалер, Жоао Феликс беше позитивен на ПЦР тестот на Ковид-19. Поради та тој се наоѓа во домашна изолација, според препораките на здравствените власти и протоколите на Ла Лига“, соопшти Атлетико.
За неколку дена Португалецот повторно ќе биде тестиран и тогаш се знае повеќе за неговата здравствена состојба и за тоа колку ќе отсуствува од фудбалските терени.
Засега е извесно дека ќе ги пропушти дуелите си Селта и Гранада во Ла Лига.
Поради коронавирусот, од минатата недела, во тимот на Атлетико ги нема Јаник Фереира Караско и Марио Ермозо.