Светскиот рекет број 6, Григор Димитров се повлече од Виена опен поради умор и ќе биде заменет од Италијанецот Томас Фабијано.
Бугарскиот тенисер претходно доби вајлд-карта за настап на турнирот и требаше да игра со Давид Новак во првото коло, но наместо тоа ќе направи една недела пауза пред да се врати на Мастерсот во Париз следната недела.
Димитров загуби во финалето на Стокхолм опен минатата недела од Хуан Мартин дел Потро и можеше да се квалификува на АТП финалето во Лондон со пласман во полуфиналето во Виена. Во Базел пак, се повлече шпанскиот ветеран Фернандо Вердаско, кој ќе биде заменет од Германецот Флоријан Маер.