Шкотскиот премиерлигаш, Хамилтон академикал го отпушти својот коментатор Боби Булок, откако тој во живо призна дека го „стегнал“ стомакот и дека затоа задоцнил на стартот на второто полувреме против Рос каунти во средата навечер.
Булок задоцнил на стартот на второто полувреме, извинувајќи се дека не го исклучил микрофонот и признавајќи дека бил на „wee jobby“, шкотски сленг за фекалии, по што отиде уште понатаму велејќи дека морал да го „исцеди“.
„Човек кој работеше на коментирање на мечот имаше лош обид за хумор. На клубот тоа не му е смешно и тој веќе нема да биде наш коментатор. Извинување до сите“, објавија од клубот.
Хамилтон го загубија мечот со 1:2 и остануваат на последното место во шкотската лига, со четири поени од безбедната зона.
When I read that Hamilton had sacked their in-house co-commentator I knew it would be good, but I didn’t dare dream that he would have discussed, at some length, his visit to the toilet. (Via @emctear) pic.twitter.com/MnOgz3Tcfr
— Neil Forsyth (@mrneilforsyth) February 4, 2021