Top Sport

Ван Дајк е новиот холандски капитен

Најскапиот дефанзивен фудбалер во историјата, Виргил ван Дајк ќе ја има честа да ја носи капитенската лента во холандската репрезентација, која влегува во нова фаза по неуспехот за пласман на Светското првенство, потврди селекторот Роналд Куман.

Централниот бек на Ливерпул во јануари направи трансфер од поранешниот клуб на Куман, Саутемптон за 75 милиони фунти, и 26-годишниот Ван Дајк сега ќе биде наследник на крилото на Баерн Минхен, Арјен Робен, кој се пензионираше од репрезентацијата на крајот на квалификацискиот циклус.

„Ова е одлична вест, за мене и за моето семејство. Пресреќен сум што добив толку голема чест, да бидам капитен на мојата земја“, вели Ван Дајк, кој ќе го предводи холандскиот тим во пријателскиот меч против Англија во Амстердам во петок.

Георгинио Вајналдум, Кевин Стротман и Дејли Блинд ќе бидат негови заменици.

Scroll to Top