Top Sport

Шокантен скандал со проституција во аргентинскиот Индепендиенте

Аргентинскиот клуб Индепендиенте се најде во центар на скандал со детска проституција, откако еден фудбалер „регрутирал“ младински фудбалери да имаат секс со мажи за пари.

15-годишни и 16-годишни фудбалери биле „управувани“ од еден 19-годишен фудбалер, а иако идентитетот на играчот не е откриен, се додава дека тој живеел во стан обезбеден од клубот додека се опоравувал од повреда.

Клубот разбрал за ситуацијата откако еден од младите фудбалери признал пред тренерите, по што се откриле сите скандали во последните четири месеци. Обвинетиот фудбалер натерал најмалку пет момчиња, кои исто така живееле во становите обезбедени од клубот во мрежата за проституција во областа Палермо во Буенос Аирес.

„Како последица од овој скандал, Клуб Атлетико Индепендиенте сака да објави дека го даде целосниот извештај во рацете на обвинителите кои можат да ја искористат својата моќ и да ја донесат правдата“, се вели во соопштението на Индепендиенте.

Индепендиенте е еден од најголемите клубови во Аргентина од чии редови излегоа многу славни фудбалери, како Серхио Агуеро од Манчестер сити.

Scroll to Top