Лос Анџелес Лејекрс убедливо го поразија тимот на Денвер Нагетс 114:93, во дерби мечот одигран во НБА лигата. Последните пет минути од третата четвртина го решија победникот. Во тој период Лејкерси направија серија 15:0, со предност од осум поени влегоа решавачкиот период, која до крајот само ја зголемија.
Првото полувреме во целост им припадна на играчите од Денвер, благодарение на одличната игра во втората четвртина, на полувреме водеа со 12 поени. Сепак Лејкерси, предводени од Леброн Џејмс, се вратија во второто полувреме и на крајот забележаа убедлив триумф.
Леброн на крајот имаше трипл-дабл од 27 поени, и по 10 скока и асистенции. Одличен меч одигра и Германецот Денис Шрудер кој постигна 21 поен.
Кај Денвер се истакна Џамал Мареј со 20 поени, Монте Морис постигна 16, а Џамајкл Грин 13 поени. Првата ѕвезда на Нагетс, Никола Јокиќ, имаше дабл-дабл, но го одигра можеби најлошиот меч од почетокот на сезоната (13 поени, 10 скока, 6 асистенции).