Доминик Парис, победи на трката во спуст, која во Светскиот куп, се одржа во Гармиш-Партенкирхен. Репрезентативецот на Италија, победи пред Беат Фојц од Швајцарија и Матијас Мајер од Австрија.
Парис до првата победа оваа сезона, во Светскиот куп, дојде со време 1:33.81 минути. Резултатот на Парис беше за 37 стотинки подобар од оној на Швајцарецот Фојц. Само три стотинки зад Фојц, во целта доцнеше Мајер.
Овие тројца се наоѓаат и на врвот во вкупниот пласман во оваа дисциплина, само што распоредот е поинаков. Лидер е Фијц со 406 поени, пред Мајер со 358 и Парис со 288.
"Dominik Paris hits peak form in Garmisch-Partenkirchen!" ⛷?
The Italian gets his first #FISAlpine World Cup win of the season ? pic.twitter.com/0nXcgsDt9z
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) February 5, 2021