Ракометната репрезентација на Србија, по само три одиграни натпревари во квалификациите, избори пласман на Европското првенство. Србите се пласираа на завршниот турнир, откако Белгија донесе одлука да се повлече од квалификациите.
Ракометниот сојуз на Белгија, соопшти, дека поради здравствената криза, проблемите во националниот шампионат и краткиот период за подготовките на националниот тим, нема да учествува во квалификациите.
Србија, досега, одигра три натпревари во групата, ја победи Грција, а против Франција забележа победа и реми. До крајот на квалификациите Србија ќе треба уште да гостува во Грција.
На ЕП, од секоја група ќе одат по две репрезентации.