Питер Крауч, поранешен репрезентативец на Англија и напаѓач на неколку клубови од Премиер лигата, по завршувањето на кариерата често работи како стручен коментатор. Познат е по своите духовити коментари на социјалните мрежи.
Крауч, во еден свој коментар, се осврнал на понекогаш бизарните судиски одлуки на натпреварите во Премиер лигата. Ваквите одлуки на судиите зачестија со примената на ВАР-технологијата.
„Да постоеше ВАР во времето кога јас играв, поради моите долги раце, поради офсајд, ќе ми беа поништени најмалку 50 голови“, рекол Крауч.