Австриецот Винсент Кирхмајр, забележа нова победа во супер велеслалом, во Светскиот куп. По триумфот во Кицбил, на 25.јануари, Кирхмајр победи и на денешниот супер велеслалом, во Гармиш-Партенкирхен.
Осмата победа во кариерата, Кирхмајр, ја обезбеди со најбрзото време во Гармиш, 1:12.68 минути. Зад 29-годишникот од Линц, се пласираа неговиот сонародник Матијас Мајер (+0.17) и Швајцарецот Марко Одермат (+0.49).
Победата во Гармиш, дополнително го доближи Кирхмајр до вкупниот триумф во оваа дисциплина. До крајот на сезоната ќе се возат уште две трки во супер велеслалом, Кирхмајр води во пласманот со 341 поен, 101 повеќе од Мајер.
Во генералниот пласман во Светскиот куп, лидер е Алекси Пантиро со 824 поени, втор е Одемарт со 699, а трет е Марко Шварц.