Дебитантот во италијанската Серија А, фудбалскиот клуб Специја, наскоро ќе добие нови газди. Клубот сега се наоѓа во споственост на Габиеле Волпи. Овој човек во светот на спортот е познат како сопственик на најмоќниот ватерполо колектив, Про Реко.
Волпи, договорил, клубот да им го продаде на сопствениците на инвестициски фонд од САД, Мајл Дел и Роберт Платек.
Медиумите на Апенините тврдат дека Американците за Специја ќе платат 22.000.000 евра.
Специја ќе биде петтиот клуб во Серија а, на чие чело се Американци, а седми кој има странски газди. Американски газди имаат Милан, Рома, Фиорентина и Парма, а странци се газди и на Болоња, односно Интер.