Фудбалерите на Аталанта и Торино одиграа спектакуларен меч, во рамките на 21.коло во Серија А. Во вториот натпревар од попладневната програма Болоња го изнеанди Сасуоло.
Аталанта успеа да испушти предност од три гола, која против Торино ја стекна во првите 20 минути. Во интервалот од 14 до 21 минута, мрежата на Де Санктис ја погодија Иличиќ, Госенс и Муријел.
До крајот на првиот дел Торино постигнаа два гола, Белоти погоди во 42., а Бремер во првата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел. Голем бод на Торино им донесе Бонацоли на шест минути до крајот на мечот.
Болоња, со пресврт, ги освои бодовите во Реџо Емилија, против Сасуоло. Капуто постигна гол за Сасуоло во 25.минута, израмни Ерик во 39., а пресвртот го комплетираше Гјаси во 78.минута.