Top Sport

„Милионерите“ паднаа во Фрајбург, нов пораз за Шалке

Шалке на половина од сезоната во Бундеслигата, може да се подготвува за настап во Цвајта од наредната сезона. Во 20.коло, Борусија Дортмунд забележа пораз во Фрајбург, а Аугсбург го изнеади Волфсбург. Баер Леверкузен убедливо го порази Штутгарт, а Мајнц забележа значајна победа во борбата за опстанок.

Шалке, немаа никакви шанси во пресметката со Лајпциг. Гостите доминираа и на крајот победија со 3:0. Катастрофално во одбрамата на шалке играше Настасиќ кој е виновникот за првите два гола на Лајпциг. Мукиеле погоди за 1:0, потоа Сабицер ја зголеми предноста, а точка на мечот стави Орбан.

Мајнц со голот на Накате го совлада Унион Берлин.

Баер Леверкузен со 5:2 го декласира Штутгарт, а еден од головите постигна и засилувањето од Лестер, Дамар Греј.

Фрајбург забележа лесна победа над Борусија Дортмунд, во чии редови единствено 16-годишниот Мукока заслужи преодна оценка. Ву-Јеонг и Шмид погодија за Фрајбург, а Мукока го постигна голот за „милионерите“.

Scroll to Top