Ракометарите на Металург убедливо се поразени во Русија, во рамките на четвртото коло во Европската лига. Чеховски медведи, ги искористија сите проблеми на Металург и славеа со 40:27.
Металург, во Русија, отпатува со само 11 ракометари и поразот беше очекуван.
Русите од почетокот до крајот го контролираа натпреварот, двоцифрена предност обезбедија веќе во првото полувреме. Во вториот дел, Чеховски медеведи, не форсираа, што на крајот резултираше на пораз на Металург со разлика од 13 гола.
Поповиќ, Пниќ и Хорват, постигна по шест гола за Металург, а голманот Ѓорѓески имаше девет одбрани.
Металург иам едно реми и три порази во Европската лига. Во наредното коло Металург ќе го пречека Тулуз.