Златан Ибрахимовиќ не престанува со постигнувањето голови на 39 години, откако ги донесе Милан во водство против Кротоне во 30-тата минута од мечот, постигнувајќи го неговиот 500. гол во клупската кариера.
Швеѓанецот има постигнато 18 гола со Малме од 1999 до 2001, потоа со Ајакс имаше 48 гола до 2004 година, пред да се пресели во Италија, каде што имаше 26 гола во две сезони со Јувентус. Во Интер од 2009 постигна 66 гола, 22 гола имаше за Барселона, 156 за Пари Сен-Жермен, 29 за Манчестер јунајтед, 53 за Лос Анџелес галакси и сега, 82 со Милан. Ова беше негов 11 гол во сезоната 2020/21.
Златан својот 500. гол во кариерата го постигна уште во Лос Анџелес галакси во 2018.
Golazoooooooo de Zlatan Ibrahimovic con tremenda conexión con Rafael Leao. #MilanCrotone 1-0 #SerieA #Milan pic.twitter.com/uqJcBJtFI5
— AnaDeportes (@Ana_deportes) February 7, 2021