Норвешката скокачка сензација, Халвор Егнер Гранеруд стигна до својата 10-та победа од Светскиот куп оваа сезона (и вкупно десетта во кариерата), триумфирајќи на големата скокалница во германскиот Клигентал за да го зголеми водството во генерален пласман.
Гранеруд имаше скокови од 136 и 140.5 метри за да собере 288.5 поени за победа пред Словенецот Бор Павловчич со 287.7 поени по скоковите од 140 и 146 метри и главниот ривал во генерален пласман, Германецот Маркус Ајзенбихлер, кој беше лидер по првата серија и имаше скокови од 138 и 141.5 метар.
24-годишниот Гранеруд, кој минатата сезона имаше само осум освоено поени во Светскиот куп, сега има 1.406 поени во генерален пласман, дури 429 поени пред Ајзенбихлер и 561 поен пред Полјакот Камил Стох.