Top Sport

Костиќ ги крена Ајнтрахт на четвртото место на табелата

Филип Костиќ постигна еден гол и имаше две асистенции за да ги предводи Ајнтрахт Франкфурт до 3:1 победа на гостувањето кај Хофенхајм во 20. коло од Бундеслигата.

Костиќ уште во 15. минута ги донесе гостите во водство со прекрасен гол, но Хофенхајм израмни преку нововлезениот Илас Бебу само што почна второто полувреме. Трите поени за гостите ги дојдоа за само две минути, откако Костиќ прво му асистираше на Обите Н’Дика (62.), а потоа и на Андре Силва (64.).

Ајнтрахт скокнаа на четвртото место на табелата со 36 поени, додека Хофенхајм се на 12. место со 22 поени.

Scroll to Top