Top Sport

По повредата на Милитао, Реал Мадрид има само 12 „здрави“ фудбалери!

Реал Мадрид можеби забележи тешка 2:1 победа над Уеска во саботата, но тој меч уште повеќе ја зголеми неверојатната  криза на повреди на „кралскиот клуб“, откако беше потврдено дека централниот бек Едер Милитао ќе паузира поради повреда.

Бразилецот не играше против Уеска бидејќи беше суспендиран поради црвен картон при поразот од Леванте, но неговото отсуство посебно го погодува Зинедин Зидан бидејќи во аут веќе се Еден Азар, Родриго, Серхио Рамос, Феде Валверде, Дани Карвахал, Лукас Васкез, Иско и Алваро Одриозола.

Ова значи дека во среда против Хетафе, Зидан ќе има достапно 12 фудбалери од кои може да избере, вклучувајќи два голмани. Реал заостанува седум поени зад Атлетико Мадрид на табелата во Шпанија, а Атлетико имаат и два натпревари помаку.

Scroll to Top