Наоми Осака и сестрите Вилијамс, со импресивни побеид го започнаа настапот на Австралија опен. Од турнирот испадна шампионката од 2016 година, Германката Анжелик Кербер.
Шампионката од 2019 година, Осака, на теренот мина само 68 минути. Таа и препушти само три гема (6/1, 6/2) на Анастасија Пављученкова, инаку 39. на АТП листата. Во второто коло Осака ќе игра со Каролин Гарсија, која во два сета ја победи Полона Херцог.
Серена Вилијамс, на својата противничка и препушти само два гема (6/1, 6/1). Лаура Зигмунд го освои првиот гем во мечот и тоа на сервис на Серена, а до крајот на мечот Американката на својата противничка и препушти уште само еден гем. Серена, во наредната рунда, ќе игра против младата Србинка, Нина Стојановиќ.
Венус Вилијамс ја победи Кристен Флипкенс со 7/5, 6/2 и на возраст од 40 години и 259 дена, стана петтата најстара тенисерка во историјата која забележала гренд слем победа. Венус, во второто коло ќе игра против Сара Ерани.
Првото големо изненадување на женскиот дел од турнирот го направи тенисерката од Задар, Бернарда Пера. Хрватската ја декласира 23.носителка, Анжелик Кербер со 6/0, 6/4. Пера во наредната рунда ќе игра против Зарина Дијас.