Со својот осми и деветти гол во календарската 2021 година, Роберт Левандовски донесе ново финале за Баерн Минхен за комплетирање на сезоната во која ја освоија тројната круна, 2:0 победа над африканскиот шампион Ал-Ахли и борба со мексиканското изненадување Тигрес во финалето на Светското клупско првенство во Катар.
Левандовски се најде на вистинското место во 17. минута по долгата акција на Баерн Минхен, добивајќи убава топка од Серж Гнабри за да донесе водство за актуелниот европски шампион. Иако до крајот на мечот, Баерн се мачеа да го удвојат водството, повторно Левандовски беше прецизен во 86. минута, овојпат на асистенција на Лирој Сане за да ги однесе во финалето.
Полјакот оваа сезона повторно има нереални бројки – 29 гола и 7 асистенции во 27 меча во 2020/21.
Таму, во четврток во 19 часот, Баварците ќе се судрат со мексиканскиот и северноамерикански шампион, Тигрес, кој претходно го изненади бразилскиот Палмеирас со 1:0 во првото полуфинале.