Top Sport

Ѓоковиќ доби „нож в грб“ од Циципас?

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас по победата над Французинот Жил Симон на стартот на Австралија опен го прокоментира односот меѓу првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ и контроверзниот Австралиец, Ник Кирјос.

За Циципас, Кирјос е искрена личност, но и директна. На прес-конференцијата по мечот со Симон новинарите шестиот играч според АТП рангирањето го потсетија на неговите зборови дека Кирјос е многу транспарентна личност, а од друга страна за Ѓоковиќ такво нешто не можеше да одговори. По инсистирањето за негов коментар на сето овa го рече следното:

„Не знам, не можам да одговорам на тоа. Имам друга работа, отколку да зборувам за тоа. Не знам… Со Кирјос повеќе-помалку е транспарентно, тој е момче кое нема филтер и зборува за работите такви какви што се“ порача Циципас.

Српските медиуми по „изненадувачката“ изјава за Гркот потенцираат ова е „нож в грб“ од Циципас затоа што токму Новак во текот на кариерата повеќепати му помагал на помладиот колега додека тој се пробивал на АТП листата.

Еве што кажа Циципас:

Сето ова доаѓа по обвинувањата од Ник Кирјос на сметка на Србинот дека се однесувал неодговорно во ек на пандемија:

Кирјос пак правеше „шоу“ во Мелбурн, на крајот го „закачи“ и Ѓоковиќ

Scroll to Top