Барселона го заддржа првото место во групата Б во ЕХФ Лигата на шампионите, останувајќи „совршена“ и на домашниот меч со Веспрем, победувајќи го унгарскиот гигант со 37:30, додека Кјелце, во групата А (каде што е и Вардар), изби на првото место на табелата со победата од 32:30 над Порто.
До десеттата победа во исто толку меча во ЛШ, Барса дојде во второто полувреме, откако унгарскиот шампион беше цврст противник во првото полувреме, кое заврши со 15:15. Алекс Гомез со 10 гола беше лидер на каталонскиот клуб, Палмарсон додаде шест, додека за Веспрем, Рикардо Мораеш со шест гола беше најефикасниот.
Кјелце направи предност од дури пет гола во првото полувреме, и потоа го изддржа обидот за камбек на португалскиот клуб за седма победа во девет меча оваа сезона. Ексвардарецот Алекс Душебаев блесна со 10 гола, а уште еден поранешен играч на „црвено-црните“, Игор Карачиќ заврши со шест гола.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Кјелце – Порто 32:30 (19:14)
Табела: 1.Кјелце 15, 2.Флензбург 15, 3.Мешков 9, 4.ПСЖ 8, 5.Порто 8, 6.Пик Сегед 4, 7.Елверум 4, 8.Вардар 3
ГРУПА Б
Барселона – Веспрем 37:30 (15:15)
Целје – ППД Загреб 29:28 (14:12)
Табела: 1.Барселона 20, 2.Веспрем 13, 3.Мотор З. 12, 4.Алборг 10, 5.Кил 9, 6.Целје 6, 7.Нант 4, 8.Загреб 0