Top Sport

Конте со средниот прст го „поздрави“ Ањели

Антонио Конте со Интер не успеа да се пласира во финалето на Купот. Јувентус и Интер одиграа без голови во реваншот, а „старата дама“ оди во финалето благодарение на победата во првиот меч од 2:1.

Конте тешко ја поднесе елиминацијата од својот поранешен клуб, во кој беше капитен, а потоа како тренер освои три титули во Серија А.

По завршувањето на мечот, Конте го покажа средниот прст, кон делот каде седат челниците на Јувентус. Претпоставка е дека „поздравот“ бил наменет за претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Ањели не му останал должен.

„Е.и се и молчи шупак еден“.

 

Scroll to Top