Top Sport

Три поранешни Гренд слем шампионки елиминирани од АО

Во ист ден, три поранешни Гренд слем шампионки, го завршија својот настап на Австралија опне. Во второто коло, АО 2021, заврши за Бајнка Андреску, Петра Квитова и Венус Вилијамс.

Канѓанката Андрески, која во 2019 година победи на Ју-Ес опен, сензационално испадна од Су-Веи Сиех. Тенисерката од Тајван, победи лесно, во два сета со 6/3, 6/2.

Петра Квитова, која во кариерата има две титули на Вилмблдон, настапот во Мелбурн го заврши по поразот од Романката, Сорана Кирстеа.

Квитоа направи 44 неизнудени грешки, имаше седум дупли грешки, поради што беше поразена со 4/6, 6/1, 1/6.

На крајот, 40-годишната ветеранка од САД, Венус Вилијамс, освои само еден гем против Сара Ерани. Седумкратната Гренд слем шампионката, веројатно го одигра својот последен Австралија опен, поради што и не сакаше да го предаде мечот и покрај тешката повреда на коленото.

Венус се повреди, во првиот сет, при резултат 1:5.

Scroll to Top