Top Sport

Реал и без Марсело на мегдан со Аталанта во ЛШ

Шпанскиот фудбалски шампион, Реал Мадрид има огромни проблеми со повреди пред првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампиони против италијанска Аталанта, нагости на 24 овој месец.

Тренерот на мадридскиот тим, Зинедин Зидан за тој меч нема да може да смета на дефанзивците Серхио Рамос и Марсело кој се повреди при синоќешната победа од 2-0 против Хетафе во Ла Лига.

Бразилскиот лев бек играта ја напушти во 66 минута по повредата на листот на ногата, а шпанска „Марка“ пишува дека ќе е надвор од стројот 20-тина дена.

Уште поголем проблем за „Кралевите“ е што од претходно не можат да сметаат на услугите на Дани Карвахал, Феде Валверде, Едер Милитао, Алваро Одриозола, Родриго и Лукас Васкез.

Од порано е потврдено дека капитенот Рамос ќе ги пропушти двата меча против тимот од Бергамо, а Зизу се надева дека барем на дел од овие играчи ќе може да смета за реваншот закажан на 16 март во Мадрид.

Scroll to Top