Top Sport

„Англиска класика“ на „Гудисон парк“ – Евертон го исфрли Тотенхем во меч со девет гола

Евертон се пласираа во четврт-финалето на ФА купот, откако во фантастичен меч на „Гудисон парк“ стигнаа до неверојатна 5:4 победа по продолженијата над Тотенхем.

Гол-шоуто беше најавено во третата минута, кога Давинсон Санчез ги донесе Тотенхем во водство, по што следуваше апсолутно невозможна завршница на полувремето. Евертон израмнија во 36. минута преку Калверт-Луин, две минути подоцна Ришарлисон ги донесе во водство со 2:1, за Гилфи Сигурдсон во 43. минута од пенал да зголеми на 3:1.

Тотенхем не остана покус, и во судиското продолжение намали на 3:2, за во 57. минута Санчез повторно да израмни на 3:3. Ришарлисон во 68. минута пак ги донесе „карамелите“ во водство, за Хери Кејн во 83. минута да примора продолженија во Ливерпул.

Човек на одлука за тимот на Карло Анчелоти беше Бернар во 97. минута, за фантастична победа.

ФА КУП, 1/8 ФИНАЛЕ

Лестер – Брајтон 1:0

Шефилд јунајтед – Бристол 1:0

Евертон – Тотенхем 4:4, 5:4 по продолженија

Scroll to Top