Севилја стекна голема предност против Барселона, по првиот полу-финален натпревар во Купот на Шпанија. На „Рамон Санчез Писхуан“, Севилја победи 2:0, со головите на Жил Кунде и Иван Ракитиќ.
По мечот се огласи тренерот на Барселона, Роналд Куман. Тој смета дека неговиот тим требало да постигне барем еден гол.
„Многу лош резултат. Можевме да постигнеме неколку голови. Се боревме, но не успеавме да постигнеме гол, таков е фудбалот. Игравме добро против силен противник. Не досудија пенал за нас. Секако дека ќе го анализираме натпреварот“, рекол Куман.
Барселона, во сабота, ќе го пречека Алавез во Ла Лига, а потоа ќе игра против ПСЖ во Лигата на шампиони.