Леброн Џејмс несомнено е еден од кошаркарите кој е најтешко да се чува, поради него се менуваат дефанзивци, одбрани, па и стилови, но тој речиси и да не поминува натпревар а да не е под 20 поени.
Така беше и на мечот со Оклахома, Лејкерси славеа минимално 114-113 по продолженија. Леброн мечот го заврши со 25 поени, 6 скока и 7 асистенции.
Интересно е да се види одбраната што против него ја изведе младиот бек на Оклахома, Лугенц Дорт. Тој примени несекојдневна тактика која се испостави дека е успешна.
Со дланките цело време беше пред очите на Леброн што очигледно го збуни „кралот“, па фрли „во бунар“.
И коментаторите се изненадија: